Каков шок за Рома – Калјари за пет минути се спаси од пораз

Рома испушти драгоцени бодови на гостувањето кај Калјари, во ремито кое заврши со 2-2. Избраниците на Еузебио Ди Франческо уште од првиот дел си остварија удобра предност од два гола, но, во финишот на средбата не успеаја да ја задржат истата, а Калјари и со два црвени картони се избори за бод.

Кристанте по само 14 минути игра стрелаше за предност на Рома, а Коларов зголеми на 2-0 во 41-та минута, откако бекот на „римската волчица“, ја затресе мрежата од слободен удар, со мала помош на живиот ѕид. Јоната во 85-та минута го намали водството на гостите, a потоа во последната минута од средбата, Сау израмни за конечни 2-2.

Фараго и Срна само неколку минути пред израмнувачкиот гол заработија црвени картони, па домаќините и со два играчи помалку успеаја да се спасат од пораз.

 

- Оглас -

Најнови вести