Каков цар е Емери: Изјавата му почна со двата збора за кои му се сеирчеше цела Англија (видео)

Вилјареал не дозволи апсолутна англиска доминација во финалињата на европските купови и го елиминира Арсенал за да закаже битка за трофејот во Лигата на Европа против Манчестер јунајтед.

Унаи Емери по петти пат во кариерата стигна до финале во второто по квалитет континентално клупско натпреварување, а по ремито без голови во Лондон, целата јавност дочека да ги слушне зборовите кои му беа предизвик на Шпанецот. Ексменаџерот на Топчиите покажа дека веќе нема проблем со англискиот јазик, односно со „добро вечер“, за што цела Англија го исмејуваше.

„Добро вечер. Да, англиските клубови сезонава издоминираа, а јас сум горд што успеавме да ја одбраниме честа на шпанскиот фудбал. Немам посебен таен рецепт, целата заслуга е на играчите кои со сите сили се бореа за овој подвиг“, истакна Емери.

Токму за првите два збора, цела Англија му се сеирчеше на шпанскиот стратег бидејќи во минатото не ги изговараше точно, но очигледно неговиот анлиски јазик се подобри со текот на времето.

- Оглас -

Најнови вести