Каков цар е Ѓоковиќ – Само со 4 аса го декласира Фучович со 3:0 (Видео)

Новак Ѓоковиќ продолжува во брзо темпо кон нова титула на Вимблдон откако и денеска со 3:0 успеа да го победи Мартон Фучович и да се пласира во полуфиналето на лондонскиот гренслем.

Србинот успеа да слави со 6:3, 6:4, 6:4, и тоа само со четири сервирани асови. Досега на турнирот најдобриот тенисер на светот загуби само еден сет, во мечот со Денис Кудла.

Ова ќе биде вкупно 12-то полуфинале за Ѓоковиќ на Вимблдон и вкупно 41-во на гренслем-турнирите.

Србинот досега петпати го освојуваше пехарот во Лондон, а тој е и бранител на титулата од 2019 година, откако лани не се играше поради корона-вирус.

- Оглас -

Најнови вести