На натпреварот помеѓу Рајо Ваљекано и Реал Сосиедад од шпанската лига, имаше една крајно контроверзна и ретко видена ситуација, а во главна улога беа со судиите на терен и тие во ВАР собата.
Во 69-та минута, Рајо даде гол за 2-2 и тука почна шоуто. Судијата беше повикан да погледне снимка и откако виде, донесе одлука која шокираше многумина. Не само што голот на Рајо беше поништен, туку судијата досуди пенал за Реал Сосиедад поради наводен фаул на Андреј Ратиу над Пабло Марин на другата страна, пред домашните да ја земат топката и од истата акција да постигнат гол.
Микел Ојарзабал го искористи подарокот и го реализираше пеналот за водство од 3-1. Тоа беше негов 99-ти гол во шпанската лига, од кои 31 се од пенал.

