Ибра ти ли си? Мајсторски слалом и голчиште на млад играч на Ајакс (Видео)

Запаметете го името Мика Годс. Тоа е 20-годишен Белгиец кој игра за Ајакс и постигна гол во стилот на најголемите фудалски мајстори како Марадона, Меси, Ибрахимовиќ…

Го паметиме велемајсторскиот гол на Златан Ибрахимовиќ против НАК Бреда од пред 22 години, кога ги поигруваше и ја дриблаше противничката одбрана пред да даде гол, а вчера нешто слично, слалом, дриблинзи и гол, пак во дресот на Ајакс против НАК, изведе Годтс. Оттука и споредбите со Ибра се неизбежни. Мика летово ќе биде дел од белгиската селекција на претстојното Светско првенство.

- Оглас -

Најнови вести