Екипата на Ковентри после 25 години се врати во Премиер лигата, а денеска на последниот меч на домашен терен во Чемпионшип сезонава, го победија Рексам со 3-1 и одржаа шампионска прослава.
На стадионот сè беше во светлосина и бела боја, и во знакот на слогаот „Се вративме“. Тимот на менаџерот Френк Лампард го крена и трофејот за првото место во англискиот Чемпионшип, а и пехарот беше украсен во боите на Ковентри.

Лампард кога дојде на чело на Ковентри во ноември 2024 година, тимот беше 17-ти на табелата со 17 бода од 17 кола и негативна гол-разлика. Една и пол година подоцна, на убедлив начин го внесе Ковентри во најсилната лига на светот и мора да му се честита.
CHAMPIONS. pic.twitter.com/I1mM9i4qgT
— Coventry City (@Coventry_City) April 26, 2026

