Каков велемајстор во Лисиче, со 50 денари уплата има бруто-добивка од 5.000 евра (Фото)

Во Sport Life во скопската населба Ново Лисиче исплатен е тикет со бруто-добивка од речиси 318.000 денари, а уплатата е само 50 денари.

Вкупната погодена квота е дури 6.354,58, а на тикетот има 21 пар од фудбалски натпревари играни во саботата. Од стотиците мечеви играни тој ден, овој играч внимателно одбрал 21 и на сите точно го предвидел исходот, што е феноменално одработено обложување.

Секако, многу натпревари му „виселе“ и малку фалело овој спектакуларен тикет да не биде добитен, но среќата му се насмеа. На тикетот има квоти од 1.13 до 2.30, но и тој меч (Галатасарај – Анталијаспор) кој требаше да биде сигурица со квота 1.13 воопшто не беше лесен, фаворитот победи со гол во 88-ма минута.

Последен меч кој се чекал бил Луситанија – Торенсе во втората португалска лига. Типувано е победа на гостите. Во 86-тата минута при 1-1, Торенсе најпрвин утнаа пенал, но по одбиената топка постигнаа гол за радост и во скопско Ново Лисиче.

- Оглас -

Најнови вести