Каква доминација на Шериф, клубот постои 25 години, а ја освои 20-тата титула

Бобан Николов после двете титули кои ги има во Македонија со Вардар и една со Видеотон (денешен Фехервар) во Унгарија, сега освои шампионски трофеј и во Молдавија.

Шериф попладнево со победа од 3-0 против Динамо Ауто, си ја обезбеди новата титула во молдавската лига.

Шериф Тираспол е формиран во 1997 година, а има дури 39 трофеи, и 20 шампионски титули во Молдавија. Од 2001 година наваму, само во 2011 не беа прваци. Тие се и единствен молдавски клуб кој играл во групна фаза од Лигата на шампионите, таму имаа одлични претстави, ќе се памети шокантната победа во Мадрид против Реал.

- Оглас -

Најнови вести