Каква драма: Франција со блок во последната секунда ја победи Словенија (Видео)

Франција ќе игра против САД во финалето на кошаркарскиот турнир во Токио. Во неизвесен меч, Галските петли со 90:89 ја победија Словенија во полуфиналето на ЛОИ. Французите се единствени кои успеаја на овој турнир да ги победат Американците, па финалето ќе биде вистинска можност за дрим-тимот да се одмазди во најважниот меч. Словенија ќе игра за трето место против Австралија.

ДРАМА ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ МЕЧ

Словенија одлично го започна мечот и во првата четвртина речиси константно имаше водство, кое во еден момент изнесуваше осум разлика (25:17). Во втората четвртина дури петпати беше нерешено, а ниту една од екипите немаше предност поголема од три разлика.

Третата четвртина беше клучна за Французите. Галските петли одиграа одлично и не само што го презедоа водството, туку во еден момент стигнаа и до двоцифрена предност (69:59). Словенците не се предадоа, со агресивна игра израмнија на 78:78 на пет минути до крајот, а потоа беше и 85:85 во пресрет на решавачките 100 секунди.

Франција со пет поени во низа стигна до 90:85, но потоа следуваа едно слободното фрлање и тројката на Препелиќ за 90:89 на 33 секунди до крајот. Французите го промашија својот последен напад, а Препелиќ тргна да положува за победа на Словенија, но Батум го изблокира неговиот шут и Франција победи.

Лука Дончиќ беше преднодник на Словенија со трипл-дабл со 16 поени, 10 скока и 18 асистенции. Де Коло со 25 поени и Фурние со 23 поени беа најефикасни кај Французите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести