Каква драма во Лајпциг, во 96-та минута ВАР одлучуваше дали домашните ќе победат

Ред Бул Лајпциг одигра само 0-0 против Хофенхајм и овој кикс на пет кола до крај, ги оддалечува Црвените бикови од борба за титулата во Бундеслигата. Баерн Минхен има четири бода повеќе и еден меч помалку од Лајпциг. Баварците откако испаднаа од Лигата на шампионите, сега ќе се фокусираат на домашното првенство и тешко дека ќе го испуштат врвот.

Лајпциг остана без пораз кога игра во петок, но бодот против Хофенхајм нема да ги задоволи.

Во последните секунди од мечот, Поулсен даде гол со глава по нафрлување од корнер, но поради играње со рака, судијата го поништи голот откако погледна снимка од спорниот момент.

- Оглас -

Најнови вести