Каква комбинација: Мурињо, Мекгрегор и ирско виски! (Фото)

Кога двајца „лудаци“ во позитивна смисла на зборот ќе се сретнат, забавата е загарантирана. Така беше и во еден ресторан во Рим, каде фудбалскиот тренер Жозе Мурињо вечераше со ирскиот ултимејт фајт борец, Конор Мекгрегор. Двајцата контоверзни и интересни ликови од светот на спортот се дружеа, и според фотографиите, пиеле ирско виски.

Специјалниот му подари на Конор дрес од Рома со бројот 10 на грбот.

Мурињо и Конор објавија фотографии на социјалните мрежи, и не штедеа зборови на пофалба еден за друг. Мекгрегор е во Вечниот град, затоа што денеска неговиот син ќе се крштева во Ватикан.

- Оглас -

Најнови вести