Каква легенда: учествува на сите ЛОИ од 1992 наваму

Узбекистанската гимнастичарка Оксана Чусовитина, има 46 години, и по дури осми пат настапува на Летни олимписки игри, а откако се појави на ЛОИ и во 1992, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012 и 2016 година, рече дека настапот во Токио е последен за неа.

Чусовитина имаше само 17 години кога се појави во Барселона во 1992 година, а сега е најстарата гимнастичарка во историјата на олимписките игри. Таа има настапувано и за некогашниот СССР и за Германија, а во Токио ја претставува својата родна земја, Узбекистан. Олимписки медал има од Пекинг 2008 кога ја претставуваше Германија.

„Дефинитивно се повлекувам после Токио, и ништо нема да ме премисли. Имам 46 години, многу сум направила, и време е да се повлечам“ – рече Чусовитина која не успеа да се пласира во финалето во нејзината омилена дисциплина прескок.

- Оглас -

Најнови вести