Сè имало во фудбалот, ама ваков потег не сте виделе – Со екстравагантен гол Мартинс се пријави за „Пушкаш“ (Видео)

Португалецот Фабио Мартинс постигна фантастично атрактивен гол, каков што досега немало и се пријави во конкуренција за престижната награда „Ференц Пушкаш“, што се доделува за најубав гол на сезоната.

Играчот на саудискиот клуб Ал-Шабаб им ја затресе мрежата на гостите Ал Фајсали на неверојатно атрактивен начин. Постигна гол со уникатен удар, што е вистинско фудбалско ремек-дело.

Мечот заврши нерешено 1:1, а голот на 27-годишниот Португалец, кој порано беше член на Порто и на Брага, долго ќе се памети.

Al Shabab – Al Faisaly [1] – 1 | 34′ Fábio Martins (Great Goal) from soccer

 

- Оглас -

Најнови вести