Каква приказна – Хонда најде нов клуб во Литванија и продолжува и како менаџер на Камбоџа

Кеисуке Хонда ќе игра за литванскиот тим Судува, а ќе продолжи да ја обавува и функцијата менаџер во националниот тим на Камбоџа.

Еден од најпознатите јапонски играчи има 35 години и трикратниот литвански првак ќе му биде 11-тиот клуб во кариерата. Играше и за познати клубови, меѓу нив и за ЦСКА Москва и за италијанскиот гигант Милан.

Хонда од 2018 година е и главен менаџер во националниот тим на Камбоџа, а паралелно беше и селектор на оваа репрезентација.

За Јапонија одигра 98 меча и му фалеа само два настапи за јубилејната стотка, но во 2018 година се откажа од настапите за својата земја.

Интересно е што Хонда потпиша тримесечен договор со Судува, што е важечки до крајот на оваа година, односно до 31 декември.

 

- Оглас -

Најнови вести