Какви 10 дена за Турам: Два гола против Реал, повик во Франција, па најавен трансфер во европски гигант

Маркус Турам го живее животот на секој млад спортист кој сонува да стане светски познат, но и првокласен играч. Синот на Лилијан Турам на 23-години конечно изби на светската сцена во дресот на Борусија Менхенглабах, а вниманието на себе го сврте по двата погодоци против Реал Мадрид во ремито од 2-2 во Лигата на шампионите од второто коло.

Вчера за првпат во својата кариера доби повик од селекторот Дидие Дешамп во сениорската репрезентација на Франција, па Турам во претстојниот репрезентативен циклус ќе има прилика да запише настап за светскиот првак. Неговиот татко е рекордер по бројот на одиграни натпревари во дресот на Триколорите, можеби Маркус нема да го урне тој рекорд, но дефинитивно ќе биде пресреќен ако заигра за францускиот А тим.

Во меѓувреме, до таборот на Менхенгладбах стигнаа понуди за одличниот офанзивец, и тоа од три гиганти. Барселона, Манчестер сити и Јувентус се великаните кои се распрашуваат колку би чинел потписот на Турам, кој во редовите на бундеслигашот се пресели само за 10 милиони евра во 2019 година.

 

- Оглас -

Најнови вести