Какви голови, секоја чест – ПСЖ го освои Суперкупот, Меси дриблаше, Нејмар гаѓаше од слободен удар, а Рамос ги засени со ефектна штикла (Видео)

Пари Сен Жермен го освои Суперкупот на Франција со победа против Нант од 3:0, а головите на Меси, Нејмар и Рамос беа прекрасни.

Лео во свој стил го издрибла и голманот на Нант во 22. минута и погоди за 1:0.

Бразилецот Нејмар постигна еврогол од слободен удар за 2:0, а беше и двоен стрелец и го поистигна и последниот гол за победа од 4:0.

Лионел Меси му дозволи на Нејмар да го изведе слободниот удар во петтата минута од судиското продолжение во првото полувреме и не погреши.

Бразилецот мајсторски ја погоди мрежата на популарните Канаринци и постигна еврогол.

И голот на Серхио Рамос во 57. минута за 3:0 беше извонреден и во мајсторски стил за ветеранот.

Рамос свртен со грб со петица ја затресе мрежата на канаринците и само потврди дека е фудбалски велемајстор, иако давањето голови не му е примарна задача на еден од најдобрите дефанзивци на планетата.

 

- Оглас -

Најнови вести