Маестрално дело – Погодија два идентични тикети со точни резултати за ќар од 27 илјади евра (Фото)

Два идентични тикети со погодени точни резултати на дуелите меѓу Вест Хем и Ватфорд и Хадерсфилд и Вест Бромвич Албион донесоа голема радост во Гостивар и две добивки од по 849.705 денари нето, или по околу 14 илјади евра.

Ризикот за вакви тикети е огромен, уплатата од по 3.700 денари е голема, но на крајот се исплатеше и добивките се извонредни.

Хадерсфилд беше аутсајдер против ВБА, тим кој бие битка за директна промоција во Премиерлигата, но се случи чудо и Смит Роу со погодок во 86. минута му донесе победа на домаќинот од 2:1. Коефициентот е 15 во Sport Life, а во Гостивар донесе голема возбуда.

Едниот резултат е погоден и се чека дербито на дното во Премиерлигата меѓу Вест Хем и Ватфорд. Типот на двата тикети е дека Чеканите ќе победат со 3:1 со коефициент 18 и чудото се случи и во Лондон.

Со головите на Антонио, на Соучек и на Рајс домаќините поведоа со 3:0 за само 36 минути во првото полувреме, па остана уште Ватфорд да постигне гол. Капитенот на Стршените, Трој Дини погоди во 49. минута и потоа само требаше мрежите да мируваат до крајот на мечот.

Речиси невозможно за меч во Премиерлигата, но нападите на двете екипи стивнаа и резултатот остана 3:1, за огромна радост и две супер добивки во Гостивар.

- Оглас -

Најнови вести