Какви Реал и Барса, Кинезите сега навиваат за Еспањол

Дебито на кинескиот фудбалер Ву Леи во шпанската лига предизвика огромен интерес во Кина за натпреварот на Еспањол, клубот чиј член од неодамна стана Леи. Еспањол гостуваше кај Вилјареал, а според некои податоци, на телевизија мечот го гледале 40 милиони луѓе во најбројната држава на светот според бројот на жители. Оваа бројка ќе биде и 10 пати поголема во иднина ако се знае дека претставувањето го гледаа 350 милиони.

Ву Леи има 27 години, беше прогласен за најдобар кинески фудбалер во 2018 година и сега во неговата родна земја со големо нетрпение се очекуваат мечевите на Еспањол бидејќи Кинезите сакаат да го гледаат својот сонародник кој потпиша во јануари за 2 милиони евра.

Леи против Вилјареал играше 12 минути, но можеби во наредните средби ако добие поголема шанса или даде некој гол, бројките на гледаност на мечевите на помалиот клуб од Барселона ќе растат многу повеќе. Задутре Еспањол игра со Рајо Валјекано на нашиот голман Столе Димитриевски.

- Оглас -

Најнови вести