Какво деби за Данило: Влезе во игра, започна контра-напад и го заврши со гол (видео)

Јувентус веќе води со 2-0 во дербито против Наполи. Италијанскиот првак фуриозно ги отвори првите 20 минути на „Алијанц“ стадионот со погодоците на Данило и Игуаин.

Првиот гол на домаќините е фантастичен контра напад кој го започна Данило, а Бразилецот и ја заврши акцијата со погодок. Уште поинтересно е тоа што Данило само една минута претходно принудно влезе во игра на местото од повредениот Де Шиљо, а уште со првите допири со топката придонесе за Старата дама.

Веќе во вториот посериозен напад, Игуаин зголеми на 2-0 против својот некогашен тим.

https://twitter.com/GolazoFootbal/status/1167875808544739330

https://twitter.com/GolazoFootbal/status/1167876828960190469

- Оглас -

Најнови вести