Какво понижување за Воините, загубија со 53 поени разлика, Кер изјави дека се срами (Видео)

Торонто репторс приред кошаркарско шоу за своите симпатизери и го декласира Голден стејт вориорс со 130:77, или со 53 поени разлика. Паскал Сијакам блескаше со 36 поени, а гостите длго ќе го паметат понижувањето што го доживеаја во „Амели“ арена во Торонто.

Ова е вториот највисок пораз во историјата на 6-кратните НБА шампиони, по дебаклот од Лос Анџелес лејкерс со 126:70 во 1973 година.

„Што да кажам, ова е понижување за сите нас“, изјави тренерот на гостите Стив Кер. Голден стејт воопшто не личеше на клуб што е трет најтрофеен со Чикаго булс во историјата на НБА лигата со шест шампионски круни.

Воините се запишаа во историјата како единствен тим што не постигнал ниту еден кош во контранапад. Торонто си запиша рекорд и за првпат во клупската историја доби една четвртина со над 30 поени разлика, ноќеска третата на мечот со 46:14.

Најавата беше лоша за гостите, бидејќи непосредно пред мечот од комбианција за настап испаднаа Стефон Кари и Дрејмонд Грин, а потоа се беше кошмарно за нив во меч што ќе сакаат брзо да го заборават.

За разлика од нив Јанис Адетокмубо ќе го памети дуелот со Портланд, што неговиот Милвоки бакс го доби со 127:109 на гостински терен. Грчкиот репрезентативец постигна 47 поени со што си го израмни личниот рекорд за оваа сезона, а го надигра Демиен Лилард во дуел на два играчи од Топ-5 листата најефикасни во НБА.

Лилард беше втор стрелец на мечот со 32 поени.

Резултати: Торонто – Голден стејт 130:77, Бостон – Хјустон 118:102, Њујорк – Далас 86:99, Индијана – Шарлот 97:114, Мемфис – Минесота 120:108, Њу Орлеанс – Атланта 103:126, Јута – Чикаго 113:106, Феникс – Оклахома 140:103, Портланд – Милвоки 109:127, Сакраменто – Л.А Лејкерс 94:115. 

- Оглас -

Најнови вести