Калабалак со договорите во Барса: Милан ќе си го врати Кеси!?

Во Милан со голем интерес ги следат случувањата во Барселона, а од Италија и Шпанија доаѓаат неверојатни информации дека Френк Кеси наскоро може да си замине од Барса и да се врати во Милан како слободен играч.

Кеси и Андреас Кристенсен во нивните договори со каталонскиот клуб имале клаузули според кои ако Барса не е во можност да ги регистрира до сабота, може да си заминат како слободни играчи.

Италијанскиот првак уште бара замена за Кеси, а теоретски може да се случи да го вратат во своите редови. Барселона в сабота игра со Рајо Валјекано и ако во следните три дена не се реши проблемот, Барса може да остане без двете засилувања.

- Оглас -

Најнови вести