Распад-систем во Баку – Се поплави патеката, болидот на Расел се распадна (Видео)

Болидот на Вилијамс што го управува Џорџ Расел и буквално се распадна на патеката во Баку, на првиот тренинг пред Ф1 трката што треба да се вози во главниот град на Азербејџан задутре.

Сесијата е одложена, а причина за инцидентот е бизарна. Протече вода од шахтата за одвод на патеката и оддеднаш се поплави, а за среќа Расел мина без повреда, иако летаа парчиња од неговиот болид на патеката.

https://twitter.com/LateBrakers/status/1121710813427970053

Потоа се случи уште еден инцидент, несвојствен за Формула 1. Возилото што ги пренесува болидите закачи со дел од хидрауликата на кранот на мостот под кој минуваше, па одлуката беше да се прекине тренингот.

https://twitter.com/ricomoore99/status/1121717008201146368

ФИА најави истрага за аматгерските пропусти на организаторот, но одржувањето на главната трка засега не е загрозено.

- Оглас -

Најнови вести