Калатес има мирна рака, табла-кош и тројка за победа против ЦСКА (Видео)

Ник Калатес има мирна рака и многу среќа, а неговиот проектил од девет метри на две стотинки до крајот на мечот му донесе многу вредна победа на Панатинаикос против ЦСКА во Москва.

Грчкиот репрезентативец погоди на необичен начин, тројка со помош на таблата за огромна радост на популарните „детелинки“ од Атина.

ЦСКА имаше предност од 77:75 на две стотинки до крајот на мечот, но во клучен момент го заборавија Калатес, кој одлучи да шутира од девет метри и погоди победничка тројка.

Погледнете го фдраматичниот финиш во Москва и начинот на кој ПАО ги освои бодовите.

- Оглас -

Најнови вести