Калин Ивановски пак ќе игра на Вимблдон, ќе биде единствен Македонец на престижниот гренслем

Калин Ивановски повторно ќе игра на јуниорскиот турнир на Вимблдон, по ланскиот одличен настап и пробив до третото коло на престижниот гренслем во Лондон.

Тинејџерот кој има само 18 години ќе биде единствениот македонски тенисер на турнирот, а во јуниорска конкуренција ќе се игра од 2. јули, кога започнува битката за титулата.

Калин има играно на сите четири гренслема, вклучувајќи ги и квалификациите, а најдобар успех му е токму третото коло лани на Вимблдон.

Сега нема да мора да игра квалификации, како што тоа беше случај на Ролан Гарос, годинава, туку ќе биде директно во ждрепката за главниот турнир како 35-то рангиран јуниор по квалитет од тие што се пријавија и директно ќе учествуваат на јуниорската сцена.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести