Калин Ивановски растура на Крит, ќе игра за финале во Ираклион

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски игра одлично на ИТФ турнирот на Крит и во Ираклион утре ќе бие битка за финале против Чехот Јакуб Ницод.

Денеска нашиот тенисер прикажа одлична партија тенис на турнирот во Грција и го декласира Германецот Марлон Ванкан со 6:3, 6:1.

Само четири загубени гема против германски тенисер е големо охрабрување за Ивановски пред дуелот за финале утре во Ираклион.

Турнирот е од ИТФ серијата со награден фонд од 15 илјади долари.

 

- Оглас -

Најнови вести