Калин Ивановски скокна 18 места на денешната АТП ранг-листа

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, забележа скок од 18 позиции на АТП ранг-листата која беше објавена денеска.

Ивановски оваа недела ќе биде 305-ти тенисер на светот, што претставува негов најдобар пласман на ранг-листата во кариерата и на кој беше и минатиот месец.

Скокот од 18 позиции се должи на настапот во Јапонија. Ивановски успешно ги помина квалификациите за турнирот во Јокохама, потоа победи и во првото коло, но загуби во второто од Лука Нарди. Утринава Ивановски загуби на стартот од турнирот од серијата Челинџер 100 кој се игра во Јакаичи, Јапонија, и тоа од Џовани Фонио со 4:6,7:6,7:6.

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пад од 19 позиции на најновата ВТА-листа и сега е на 197-мото место.
Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 401-та недела на првото место, додека во женска конкуренција најдобра е Ига Швјонтек.

- Оглас -

Најнови вести