15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Калин Ивановски среде Лондон на Вимблдон му одржа лекција на најдобриот британски јуниор

Талентираниот македонски тенисер, Калин Ивановски, се пласираше во второто коло на јуниорскиот Вимблдон, откако денеска со пресврт го совлада Британецот Лука Поу.

Поу кој има 17 години и е една година помлад од Ивановски, неодамна стана првак на својата земја за играчи до 18 години, а на Вимблдон влезе со вајлд-карта. Британецот го доби првиот сет со 6-3, а потоа македонскиот тенисер беше подобар, и го надигра ривалот со 6-4 и 6-2.

Во второто коло, противник на Ивановски ќе му биде Мексиканецот Пачеко кој е 11-ти носител, или италијанскиот Белгиец Базиле.

- Оглас -

Најнови вести