Калјари ужива во битката за топ 4 во Серија А

Калјари – Сампдорија (20:45ч, 14-то коло од Серија А)

Калјари е најпријатното изненадување од Италија за оваа сезона. Никој не очекуваше дека Сардинијците ќе се најдат во битка за топ 4 местата, но еве ги, по 13 натпревари стојат рамо до рамо со Рома и Аталанта. Загубија во првите две кола, па наредија 11 меча без пораз во кои остварија седум победи. Раџа Најнголан, едно од летните засилувања, има голема заслуга за успесите на тимот, но тоа важи и за разиграниот Жоао Педро, најефикасниот играч на Калјари со седум гола сезонава.

На „Сардења“ вечерва гостува Сампдорија на Клаудио Раниери, екипата која во изминатиов период доста се мачи, но покажува знаци на подобрување. Гостите од Џенова се непоразени во четири меча во низа, а воедно негуваат одличен учинок против Калјари. Сампдорија славеше во три од последните шест дуели против Калјари, а три меча завршија без победник.

Но, знаејќи ја формата на домаќините, вечерва ќе се стави крај на таа серија.

Предлог тип: 1 (2.15)

 

Мајнц – Ајнтрахт Франкфурт (20:30ч, 13-то коло од Бундеслига)

Мајнц приреди голем шок во претходното коло кај Хофенхајм, славеше со 5-1, и тоа во првиот меч по назначувањето на новиот тренер Бајерлорцер. Тоа можеби е знак дека промената на стратегот ќе делува експресно и ќе се подобрат резултатите на екипата, која едвај се држи да не потоне во црвената зона од табелата.

На другата страна, пак, гостува Ајнтрахт, тимот кој често знае да ни смени мислење, поточно секој викенд или разочарува или пријатно изненадува. Орлите го потопија Баерн со 5-1, го клоцнаа Ковач, па загубија два меча по ред без да дадат гол. За да се даде предлог-тип за овој меч, треба да се погледне меѓусебниот учинок, кој вели дека Ајнтрахт има скор од 2-1 во последните пет меча, а на останатите два се делело по еден бод. Тие дуели даваат надеж дека вечерва мечот ќе биде прилично ефикасен.

Предлог тип: 1-2I & 1-2II (2.70)

 

Престон – ВБА (20:45ч, 19-то коло од Шампионат лига)

Вест Бромвич со Славен Билиќ на кормилото најавува брзо враќање во англиската елита, па затоа вечерва целта е повторно да се вратат на лидерската позиција на табелата. Само Лидс е пред ВБА со еден бод повеќе, но експремиерлигашот делува многу поубедливо ако се знае дека во 18 натпревари загуби само еднаш.

Последните три дуели против Престон, ВБА ги доби со 3-2, 3-2 и 4-1, што значи дека головите се честа појава на овие средби. ВБА воедно ќе оди на петтата последователна победа, додека Престон ќе направи сè за да не влезе во криза и да го претрпи третиот последователен пораз.

Предлог тип: X2 & 3+ (2.45)

 

Брага – Рио Аве (19:45ч, 12-то коло од Примера)

Брага е далеку од местото на кое седеше во изминативе неколку сезони. Наместо да биде меѓу четирите најдобри екипи, таа се дави во своите проблеми и никако да се стабилира во домашното првенство. Ништо подобар не е и Рио Аве, двете екипи се на средина на табелата со еднаков број бодови (15), па победа за кого било ќе значи чекор напред, односно чекор назад.

Резултатот 1-0 е честа појава кога се среќават овие две екипи, а Рио Аве може да се пофали со пет победи на последните седум меѓусебни средби. Сепак, Брага сезонава на домашен терен загуби само од Бенфика, така што можно е традицијата на Рио да не продолжи вечерва.

Предлог тип: T1 1+I & T1 2+ (2.0) 

 

Бешикташ – Кајсериспор (18ч, 13-то коло од Суперлига)

Бешикташ постепено влегува во ритам во турското првенство. Во последните шест кола победи петпати и еднаш ремизираше. Тоа придонесе за приклучок со водечките екипи, иако бодовната разлика е на шест од лидерот Сиваспор. Вечерва гигантот од Истанбул не би требало да има проблеми да ја оствари петтата последователна победа бидејќи на „Водафон“ гостува фенерџијата Кајсериспор.

Со седум порази, четири ремија и само една победа, Кајсери е закован за дното на табелата со седум бода, а уште повеќе ги загрижува фактот што веќе три години не е остварен позитивен резултат против Бешикташ. Минималниот триумф против Фенербахче не е доволен мотив за и вечерва да се оствари изненадување, што значи дека гостите ќе мора да се помират со уште еден негативен исход.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (1.93)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести