Камерун ја сопре чудесната серија на АФКОН и ја декласира Етиопија со 4:1 (Видео)

Домаќинот на Африканскиот куп на нациите, Камерун, ја сопре серијата чудесни натпревари на шампионатот со 0-1 гол и рутински ја победи Етиопија со 4:1.

Досега дури 11 од вкупно 12 натпревари завршија со 0-1 погодок, а тринаесеттиот беше и најефикасен.

Етиопија поведе со голот на Хотеса во четвртата минута, што ги разлути фаворитите.

Тото Екамби израмни само 240 секунди подоцна, а потоа Абубакар постигна два гола за кус рок од 120 секунди, во 53-тата и 55-тата минута.

Cameroon [1] vs Ethiopia 1 – Toko Ekambi from soccer

Екамби уште еднаш беше прецизен за домаќинот на АФКОН и еден од главните фаворити на турнирот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести