Камерунците не знаат за доста, фатени уште 11 играчи кои лажеле за годините

Фудбалската федерација на Камерун денеска суспендира нови 11 фудбалери од репрезентацијата до 17 години бидејќи лажеле за возраста, и всушност сè постари .

По спроведената истрага и испитувањето на коските со магнетна резонанца, суспендирани се нови 11 играчи, со што бројката на фудбалери кои лажеле за возраста се искачи на 32.

Вчера Федерацијата исфрли 21 фудбалер од репрезентацијата до 17 години токму поради фалсификување на документи и лажење за возраста. На нивно место беа повикани нови 21 фудбалер, но и од нив, повеќе од половина исто така лажеле за возраста.

Фудбалската федерација на Камерун под притисок на ФИФА и на јавноста, спроведе интерна истрага за одредување на возраста на фудбалерите кои треба да бидат дел од репрезентацијата до 17 години што треба да настапи на турнир заедно со земјите од Централна Африка.

Првиот човек на Федерацијата, Самуел Ето, побара сите играчи од младинските репрезентации на Камерун одат на испитување со магнетна резонанца со цел да се утврди вистинската возраст и веднаш ги објави резултатите кои покажаа дека дури 32 играчи во селекцијата до 17 години лажеле за возраста.

- Оглас -

Најнови вести