„Камп ноу“ наскоро ќе добие нов изглед, еве како ќе изгледа најголемиот стадион во Европа (Видео)

Барселона денеска на социјалните мрежи се пофали со изгледот на новиот „Камп ноу“, кој наскоро треба да биде готов. Реконструкцијата се одвива според предвидениот план, а новиот „Камп ноу“ ќе биде единствен стадион во Европа со капацитет на 100.000 седишта (105.000).

Според планот, Барселона наесен ќе се врати на реновираниот „Камп ноу“ бидејќи на 28 ноември слави 125 години од основањето на тимот, но стадионот тогаш нема целосно да биде готов, туку некои 65 отсто од предвидената реконструкција.

 

Сепак, фудбалерите од следната сезона ќе можат натпреварите да ги играат на својот „Камп ноу“, додека во исто време ќе трае и реконструкцијата. Слично беше и со „Сантијаго Бернабеу“ пред две години, кога играчите на Реал Мадрид ги играа своите натпревари на својот стадион иако во исто време се одвиваше реконструкцијата.

- Оглас -

Најнови вести