„Камп ноу“ – Неосвоива тврдина во 2019 година

Барселона ја заврши 2019 година без пораз на домашен терен. Вчерашната победа од 4-1 над Алавес беше вкупно 28-ми меч на Каталонците во сите натпреварувања во кој не ја разочараа домашната публика, па „Камп ноу“ стана неосвоива тврдина за противниците.

Во тие 28 натпревари, Меси и дружината славеа во 24 од нив, додека ремизираа во четири наврати. Во две од тие четири ремија непоразен на „Камп ноу“ беше тимот на Реал Мадрид. Кралевите се изборија за бод пред помалку од една недела во последното Ел Класико, како и во ланската сезона во полуфиналето од шпанскиот Куп. Валенсија и Славија Прага се двете останати екипи кои не претрпеа дебакл во домот на шпанскиот првак.

Во низата од 28 средби, 18 се во рамките од шпанското првенство, во кои Каталонците реализираа 49 погодоци, а дозволија само 14 во својата мрежа.

Првиот дуел пред домашна публика, Барселона во новата сезона ќе го одигра на 19 јануари, а на култниот стадион гостува Гранада.

- Оглас -

Најнови вести