Кампацо е зрел за НБА-лигата

Реал Мадрид може да остане без услугите на одличниот Факундо Кампацо, за кого постои интерес од НБА-лигата. Аргентинскиот плејмејкер наводно има две опции за да заигра во најатрактивната кошаркарска лига, едната е Далас маверикс, каде што би можел повторно да биде со Лука Дончиќ, додека и Сан Антонио има сериозни намери за негов ангажман.

Кампацо е дефинитивно меѓу најдобрите играчи во Евролигата, неговите способности посебно ги покажа на последниот Мундобаскет, каде што беше меѓу главните алки на Агрентина кон патот до сребрениот медал. Во петгодишниот договор со Реал кој го потпиша минатото лето, Кампацо има клаузула која му овозможува трансфер преку Барата.

Пред прекинот на сезоната во Евролигата, 29-годишниот бек бележеше 13,3 поени просечно и седум асистенции по натпревар.

- Оглас -

Најнови вести