Кампацо со крената глава, на емотивен начин се прости од Реал Мадрид (Видео)

Еден од најдобрите плејмејкери кои играа во Европа во последните години, Аргентинецот Факундо Кампацо, вечерва го одигра својот последен меч во дресот на Реал Мадрид. Популарниот Факу заминува во НБА-лигата и во следната сезона ќе игра за Денвер нагетс, со кого потпиша двегодишен договор.

Кампацо на дуелот со Манреса вечерва придонесе со 20 поени, а кога беше повлечен од игра на пет минути до крај, се поздрави со целиот тим со кој делеше и добро и зло во претходните три години.

https://twitter.com/i/status/1330611794021392388

- Оглас -

Најнови вести