Канатларовски: „Против Шведска и Холандија почнуваме нов циклус, зошто да не го повториме успехот од 2017“

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 21 година со дуели против фаворитите Шведска и Холандија го започнува новиот циклус квалификации за Европското првенство во 2025 година.

На осми септември играме против Шведска во Јончепинг, додека три дена подоцна во Скопје ја пречекуваме селекцијата на Холандија.

„Ова е нова генерација, почнуваме нов циклус. На списокот се играчи кои беа најстандардни со своите игри. Сега е вистинско време да покажеме дали како генерација сме подготвени да направиме нешто повеќе од тоа што го кажуваме, игравме добро, немавме среќа … имаме два тешки меча против Шведска на гости и против Холандија на наш терен. Во овие година и пол одигравме 12 меча, добро се запознавме, да одредиме формација со која треба да играме. Против Шведска ќе играме, нема да се предадеме, а зошто и да не оствариме позитивен резултат. Ние како тим делуваме доста добро и тоа најмногу ме радува. Треба да играме и да победуваме како тим, а до каде сме, ќе видиме на терен. Нашата цел е да пробаме да стигнеме до бараж-средбите и зашто да не го повториме успехот од 2017. Им реков на фудбалерите кој не мисли како мене, воопшто да не доаѓа“, изјави селекторот Драги Канатларовски во пресрет на дуелите со Шведска и Холандија.

Селекторот Драги Канатларовски се одлучи да повика 24-ица фудбалери, од кои деветмина се интернационалци, додека останатите се од домашното првенство.

Список на повикани фудбалери:

ГОЛМАНИ:

Марко Алчевски – А.П. Брера
Иван Николоски – Победа
Стефан Митрев – Кожуф

ОДБРАНА:

Марио Ричков – Шкупи
Стефан Деспотовски – Работнички
Андреј Стојчевски – Жилина, Словачка
Решат Рамадани – Динамо Киев
Виктор Крстевски – Гостивар
Методи Максимов – Шкендија
Михаил Димитриевски – Брегалница
Кристијан Тасевски – Аугсбург, Германија

СРЕДЕН РЕД:

Мартин Талаков – Подбрезова, Словачка
Иван Николов – Сондерјиске, Данска
Хамза Рамани – Шкупи
Алекс Златков – Шкупи
Димитар Тодоровски – Работнички
Ване Крстевски – А.П. Брера
Берат Калкан – Касимпаша, Турција
Бехар Фета – Марибор, Словенија
Матеј Ангелов – Работнички
Лука Станковски – Газиантеп, Турција

НАПАД: 

Марио Илиевски – Кишварда, Унгарија
Филип Трпчевски – Хакен, Шведска
Луан Абази – Шкупи

- Оглас -

Најнови вести