Канаваро ја напушти Кина по два натпревари

Фабио Канаваро повеќе не е селектор на репрезентацијата на Кина, Италијанецот ја напушти функцијата по само два натпревари во кои Кина беше поразена со идентични 1-0. Не станува збор за слабите резултати, причината за оваа одлука е што тој воедно работи и како тренер на Гвангжу Евергранде, така што нема доволно слободно време кое би сакал да го користи со своето семејство.

„Чувствувам дека е неопходно да објавам дека се повлекувам од репрезентацијата на Кина. Напоредната работа на две позиции ме доведе во ситуација да се оддалечам од семејството. Сакам да се фокусирам на Гвангжу, како и да поминувам што е можно повеќе време со моето семејство“, истакна Канаваро.

Канаваро ја презеде Кина откако искусниот Марчело Липи ја напушти репрезентацијата по елиминацијата во Азискиот Куп. По одлуката на поранешниот стопер на Реал Мадрид и Јувентус, се појавија шпекулации дека Липи би можел повторно да се врати на чело на селекцијата на Кина.

- Оглас -

Најнови вести