Кандидат за претседател на Реал Мадрид, е близок пријател со Лионел Меси!

Успешниот бизнисмен Енрике Рикелме кој има 32 години, ќе му биде противкандидат на Флорентино Перес, на претстојните претседателски избори во Реал Мадрид.

Рикелме е роден во Аликанте, и сака да се испроба во дуел со Перес. Тој е син на еден од членовите на Бордот на директори кои беа во Реал во времето на претседателот Рамон Калдерон. Членовите на Реал уште од 2006 година немале избори со повеќе од еден кандидат, никој не му се спротивставуваше на моќниот Перес во 2009, 2013 и 2017 година. Летово најдобриот претседател во историјата на Реал ќе има ривал, и тоа ќе биде показател во каков правец ќе продолжи клубот.

Младиот Рикелме е голем фан на Реал, со пријателите и семејството беше на финалињата на ЛШ во Милани, Киев и Кардиф, често објавува свои фотографии и од „Сантијаго Бернабеу“, а една фотографија од летен одмор во 2019 година е посебно интересна. На сликата, Рикелме е сликан на јахта со Лионел Меси и уште еден нивен пријател.

Идејата на Рикелме е професионален борд на директори на Реал, а не таму да бидат пријатели на претседателот. Се залага и за глобализација на клубот, но според него, глобализација не значи турнеја на тимот во САД и Азија.

- Оглас -

Најнови вести