Кандидат за Пушкаш: Алжирец постигна неверојатен гол со ножички (Видео)

Натпреварите на Аргентина, Германија, Франција, Англија и останатите големи репрезентации беа во центарот на вниманието на фудбалската јавност синоќа, но голот на вечерта, ако не и на годината, беше постигнат на пријателскиот натпревар помеѓу Алжир и Јужна Африка.

Мечот во градот Бараки заврши без победник, 3-3, а Јасин Бензија во 70-тата минута го постави конечниот резултат со фантастичен гол со ножички откако прво ја прими топката, ја поткрена и со неверојатен удар го совлада противничкиот голман.

Alternate angles of Benzia Bicycle kick Goal vs South Africa (Puskas Contender)
byu/ALEESKW insoccer

- Оглас -

Најнови вести