Канелјас се распука, Шпанија го освои седмото место на Мундијалот

Жоан Канелјас се разигра, постигна 9 погодоци за Шпанија, селекција која го освои седмото место на ракометниот Мундијал со победа од 36:31 против Египет.

Триумфот им гарантира настап на Шпанците во олимписките квалификации, но седмата позиција секако не им е по вкус, бидејќи очекуваа  битка за медали.

Сепак денеска мораа да играат во Хернинг, речиси ревијален меч, бидејќи заедно со Египет ќе играат квалификации за Летната Олимпијада, а за крај и победија убедливо.

Египет во ефикасен меч имаше предност по првиот дел со 18:17, но Шпанците притиснаа во второто полувреме предводени од Канелјас.

Поранешниот бек на Вардар ја изрешета мрежата на противникот и со 9 голови беше најефикасен на мечот. Феран Соле постигна шест, а интересно голманот на Шпанците Перез де Варгас трипати ја погоди мрежата на Египет.

Кај поразениот состав Ел Ахмар беше прв стрелец со 8 гола, пред Шебиб со шест.

Вечерва од 20.30 часот за петото место ќе играат Хрватска и Шведска, а утре се мечевите за медали.

- Оглас -

Најнови вести