Кањизарес: „На Мурињо му недостасува домашно воспитување и спортски дух“

Легендарниот шпански голман Сантијаго Кањизарес жестоко го нападна тренерот на Рома, Жозе Мурињо, откако во текот на целиот натпревар имаше забелешки кон судиите, влегуваше во конфликт со противничката клупа, а на крајот го фрли и сребрениот медал.

„Мурињо е одличен тренер чии тимови постигнуваат резултати, но тој нема добро воспитување, принципи и спортски дух. Тој има негативни ставови. Нормално е по последниот пенал на да Севиља му честита на Мендилибар, а не да го симнува медалот затоа што вели дека не сака сребро. Фудбалот треба повеќе да се цени. Стигнав до две финалиња во Лигата на шампионите и ги загубив. Други ги гледаа од дома. Мислам дека така треба да се гледа на работите. Мурињо е одговорен затоа што младите на тренинзите ги копираат неговите ставови. И повторно да потенцирам, тој е многу добар тренер“, вели Кањизарес.

 

- Оглас -

Најнови вести