Канонада на Тотенхем на „Гудисон парк“

Тотенхем буквално го растури Евертон со убедливи 6-2 на „Гудисон парк“. Последниот меч од 18. коло во Премиер лигата беше вистинско уживање за неутралните фудбалски љубители, а особено за оние кои типувале „7+“.

Уште по 20 минути игра беше најавено дека средбата ќе биде полна со голови, Волкот го отвори резултатот и донесе предност за „карамелите“. Но, водството на Евертон не траеше долго, а Сон во 27-та минута ја најави канонадата. Али и Кејн стрелаа пред паузата за сигурни 3-1 во корист на тимот на Покетино.

Ериксен со прекрасен погодок од далечина во 48-та минута зголеми на 4-1, додека во 51-та минута Сигурдсон го постигна вториот гол за домаќините. До крајот на средбата Сон и Кејн уште по еднаш ја затресоа мрежата на Пикфорд, па така англискиот голгетер се израмни со Салах по бројот на погодоци во Премиер лигата (11), додека со еден гол повеќе на врвот е Обамејанг.

По ова коло, Тотенхем ќе стои на третото место со 42 бода, пет повеќе од Челзи и Арсенал, два помалку од второпласираниот Сити. Тешкиот пораз ја продолжи кризата на Евертон на веќе пет меча во низа без триумф, со 24 бода се наоѓаат на 11-тото место.

https://www.dailymotion.com/video/x6zf4dp

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести