Канте го повредил коленото, неизвесен за финалето против Арсенал

Челси ја освои мисијата за оваа сезона, а тоа е да обезбеди пласман во Лигата на шампиони. Покрај тоа, лондонскиот тим има шанса со трофеј да ја затвори сезоната. В среда, Челси ќе игра во финалето од Лигата на Европа, а противник ќе им биде градскиот ривал Арсенал.

За Арсенал мечот има двојно значење. Освен трофејот во второто по ранг натпреварување, Арсенал со триумф ќе добие виза и за настап во Лигата на шампиони за следната сезона. Двете екипи добро се познаваат, нема многу тајни, па затоа на „Олимпискиот стадион“ во Баку се очекува интересен дуел.

На само неколку дена до средбата, лоши вести за Челси. На еден од последните тренинзи се повредил Н’Голо Канте. Играчот кој е важен во средниот ред на Челси, се жали на болки во коленото, па најверојатно тој нема да може да игра во финалето против Арсенал.

 

- Оглас -

Најнови вести