Канте позитивен на ковид-19, нема да игра против Јувентус

Францускиот фудбалер за врска Н’голо Канте ќе го пропушти утрешното гостување на Челзи против Јувентус затоа што вредниот Канте е позитивен на ковид-19. Канте ќе го пропушти и дуелот со Саутхемптон во Премиер лигата, најверојатно и полуфиналето од Лигата на нациите кога со репрезентацијата на Франција треба да игра против Белгија.

Освен Канте, тренерот Томас Тухел за гостувањето во Торино нема да смета ниту на Риси Џејмс, Мејсон Маунт и Кристијан Пулишиќ.

- Оглас -

Најнови вести