Канте си оди од Челзи поради несогласување со Лампард?

Н’голо Канте, ѕвездата на Челзи, е подготвен да го напушти „Стемфорд бриџ“ во јануарскиот преоден рок поради несогласувања со менаџерот Френк Лампард. Според одредени француски медиуми, на Канте не му било дозволено да оди на свадба кај негов близок пријател откако побарал еден слободен ден.

Лампард не го одобрил тоа бидејќи смета дека и останатите играчи во иднина ќе бараат слични ослободувања од обврските. Канте се налутил поради тоа и наводно побарал да биде продаден веќе во јануари, а на готовс за преговори чекаат Интер, ПСЖ и Реал Мадрид.

Иако неколкупати ја потврди лојалноста кон Сините со тоа што одби трансфери во ПСЖ и Интер, сега Канте донел одлука да ја смени средината по четири години. Ќе се види во меѓувреме дали Канте ќе остане првотимец доколку ја одржи формата или пак јануарскиот преоден рок ќе го дочека на клупата за резерви.

- Оглас -

Најнови вести