Капело со остри критики до Роналдо: Најлош настап откако дојде во Јувентус

Поранешниот тренер на Милан и Јувентус, Фабио Капело, како и многу други вчера го проследи дербито меѓу актуелниот првак и лидерот во Серија А, во кое Бјанконерите триумфираа со 3-1.

Наместо да го анализира мечот, Капело се фокусира на Кристијано Роналдо и упати остри критики до моментално најдобриот стрелец во Калчото кој со 14 погодоци ја предводи трката за Златната копачка.

„Јувентус победи без Роналдо. За него ова беше најлошиот настап откако игра за Старата дама, потполно беше невидлив“, истакна Капело.

Критики следеа и од останати легенди на италијанскиот фудбал, Роналдо не можел да одговори на брзото темпо на средбата.

- Оглас -

Најнови вести