Капитенот Адеми најави: Во Скопје одиме да обезбедиме место во следната фаза

Капитенот на Динамо, Аријан Адеми, беше играчот кој погоди пред крајот на првото полувреме против Шкупи и израмни на 1:1. Динамо потоа водеше со 2:1, но Шкупи не се предаде и стигна до 2:2. Македонскиот репрезентативец Адеми вели дека Динамо во Скопје ќе оди да обезбеди поминување на хрватскиот тим во следната фаза од квалификациите во Лигата на шампионите.

„Имавме контрола на играта и доста добри шанси, но направивме и грешки кои скапо нè чинеа. Мора да бидеме многу подобри и се надевам дека тоа ќе го покажеме веќе на следниот меч против Славен Белупо, а потоа ќе одиме во Скопје да бараме поминување во следната фаза во ЛШ. Секако дека не го потценивме противникот. Првите 15-20 минути одигравме врвно, но промашивме зицери, а потоа примивме несреќен гол. Се вративме во игра, а потоа на крајот повторно направивме грешка. Тоа е фудбалот, мора да бидеме сконцентрирани во текот на сите 90 минути“, е коментарот на Адеми по мечот на „Максимир“.

- Оглас -

Најнови вести