Капитенот кој гордо ја води Македонија низ најголемите одбојкарски успеси направи убав хуманитарен тикет

Никола Ѓорѓиев е еден од нашите најуспешни спортисти, а воедно и еден од најголемите спортски амбасадори.

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација гордо ги води „спартанците“ кон најголемите успеси во историјата, а денеска ќе се обиде да искомбинира и добитен хуманитарен тикет, каде што финансиите ќе заминат таму каде што се најпотребни.

Во моментов тој е дел од екипата на АЦХ Волеј Љубљана, каде што се едни од фаворитите за титулата.

„Клубот е навистина одлично организиран и во оваа сезона засега немаме пораз.

Имаме осум победи во МЕВЗА (Средноевропска одбојкарска лига) и исто толку во Словенечката лига, додека во Купот се пласиравме во четвртфиналето и се надевам дека ќе ја продолжиме сезоната како што посакуваме“, започна нашиот капитен.

СЕКОГАШ КОН НОВИ УСПЕСИ СО МАКЕДОНИЈА

Македонија играше на две едноподруго Европски првенства, а на наредното, во 2023 ќе биде еден од организаторите.

„Спартанците“ ќе играат директно во групната фаза и ќе имаат можност пред навивачите да направат уште поголем успех.

Наредното лето играме во Европската лига и се надевам дека ќе биде златна. А како што е познато, ќе бидеме и организатори на следното ЕП, каде што се надевам дека ќе направиме уште поголем успех.

За мене тоа е да ја минеме групната фаза, иако знам дека тоа е навистина тешко. 

Имам прекрасни моменти со овие момци, а ако треба да одвојам некои, тоа се три.

Прва е победата над Естонија во Европската лига во 2015 и влезот во финалето. Пласманот на првото Европско првенство и Победите над Белорусија и Словенија на ЕП“.

КАРИЕРА (ПРЕ)ПОЛНА СО УСПЕСИ

Кога ќе се погледне клупската кариера на нашиот најдобар одбојкар, навистина таа изгледа импресивно.

Практично, каде и да оди, се закитува со некакво индивидуално признание. Од Србија, па сè до далечната Јапонија.

„Навистина е убаво кога ќе освоиш толку титули, и тоа во одбојкарски држави како Србија, Франција и Јапонија.

Воедно и убаво е кога ќе се закитиш со МВП наградите, тоа е доказ дека напорната работа се исплати“, продолжува Ѓорѓиев.

НАВИВА ЗА БАРСА, А ПАНДЕВ СЕКАДЕ ГО СЛЕДИ

„Уште од мали нозе навивам за Барселона. Изминативе години навистина уживав додека го гледав Меси како игра, но сега го нема.

Сепак, љубовта кон клубот од којшто навивам за детството, не престанува.

Горан Пандев е наша спортска легенда и го следам за кој било клуб да игра и ние треба да се гордееме што имаме таков играч“, гордо потенцира Никола.

 

ГЛЕДА ФУДБАЛ, АМА СПОРТСКА НЕ ИГРА

Нашиот капитен ќе искомбинира хуманитарен тикет, кој ако е добитен, ќе замине во добротворни цели, во соработка со Sport Life.

„Во последен период не успевам да испратам сè што се случува во фудбалот, но сум доволно информиран. Сепак, кога и да имам слободно време, гледам што се случува на терените.

Од друга страна, спортска не играм бидејќи немам толку слободно време. Порано, уште како мал, во Струмица знаев да одиграм некој тикет.

Сепак, се надевам дека ќе пронајдам добитни парови од викендов и дека ливчето ќе излезе добитно, а парите ќе заминат таму каде што се потребни“, завршува Нико.

- Оглас -

Најнови вести