Капитенот на Исланд со хет-трик го „почести“ Лихтенштајн (Видео)

Да се постигнат три погодоци на натпревар против Лихтенштајн и не е некое големо постигнување, но кога тоа ќе го направи фудбалер од одбраната, и тоа на 33 години – е тогаш е вест за внимание. Тоа му успеа на капитенот на Исланд, Арон Гунарсон, кој за 25 минути успеа да постигне три погодоци и да запише асистенција против Лихтенштајн. (видео гол бр. 1) (видео гол бр. 2) (видео гол бр. 3)

Ваков подвиг, играч од одбраната да постигне хет-трик, им успеало на малкумина, а ова се дел од нив:

– Фернандо Јеро во два наврати (1991 и 2002 год.), против Еспањол и Сарагоса во Ла Лига.
– Бернард Диец (Дуизбург) во 1977 година против Баерн Минхен – 4 погодоци.
– Ад Мансвелд (Ден Хаг) во 1977 година против Вест хем во четврт-финалето на Купот на победниците на куповите.
– Алпај Озалан (Турција) во Квалификациите за Светското првенство 2002 против Македонија. Воедно тоа му се и единствените голови за репрезентацијата.
– Налдо (Вердер Бремен) во 2006 година против Ајнтрахт Франкфурт во Бунгеслигата.
– Синиша Михајловиќ (Лацио) против Сампдорија во 1998 година ….

- Оглас -

Најнови вести