Капитенот на Лајпциг пред прагот на Баерн, неговата замена доаѓа од „Камп ноу“

Марсел Сабицер, капитенот на Лајпциг, е блиску до преселба во редовите на Баерн Минхен откако неговиот клуб ја прифати понудата од 16 милиони евра. Капитенот во наредните денови ќе ги изврши медицинските прегледи и ќе биде последното засилување на Баварците за ова лето.

Германскиот првак со третиот ангажман од Црвените бикови (претходно го купија Упамекано и го ангажираа Нагеслман за тренер), му ги отворија вратите на ривалот за да го доведе шпанскиот талент на Барселона, Илаиш Мориба.

Производот на „Ла Масија“ се избори за преселба од Шпанија откако не успеа да изнуди поголема плата од Каталонците, па за неговите услуги Лајпциг ќе плати околу 20 милиони евра и треба да биде достојна и долгорочна замена за Сабицер. Мориба беше и во преговори со Тотенхем, но на крајот се премисли и се одлучи за Бундеслигата и тимот кој им дава шанса на млади талентирани фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести