Капитенот на македонската фудбалска репрезентација во 2021 година треба да оствари две цели, а потоа…

Горан Пандев дефинитивно е спортистот кој ја одбележа 2020 година за Македонија. Капитенот на фудбалската репрезентација го даде историскиот гол за победа против Грузија и пласман на Европското првенство. Зборувајќи за целите во 2021 година, Пандев најави дека ова е негова последна сезона.

„Во 2021 година ќе наполнам 38 години и верувам дека ова ќе ми биде последна сезона во кариерата. Прво треба да обезбедат опстанок во Џенова во Серија А, а потоа со Македонија да настапам на Европското првенство. Дури потоа можам да одам во пензија“, рече Пандев.

Популарниот Гоче веќе 20 години е активен фудбалер. Кариерата ја започна во Беласица, а уште како тинејџер замина во Италија каде играше за Интер, Специја, Анкона, Лацио, Наполи и сега во Џенова. Една сезона помина и во турскиот гигант Галатасарај.

 

- Оглас -

Најнови вести